Новиот „Топ ган“ со холивудската суперѕвезда Том Круз во првиот премиерен викенд оствари заработка од 100 милиони долари на киноблагајните.
Круз во „Топ Ган: Маверик“ ја репризира улогата на пилотот на американската морнарица Пит (Маверик) Мичел од оригиналниот филм од 1986 година.
Во првите три дена во кината во Северна Америка продолжението заработи речиси 124 милиони долари од продажба на билети, објави во неделата „Парамаунт пикчрс“.
„Овие резултати се одлични, претерано фантастични“, рече Крис Аронсон, претседател за домашна дистрибуција на „Парамаунт“.
„Среќен сум за сите. Среќен сум за компанијата, за Том, за филмаџиите“.
Претходниот најголем премиерен викенд на филм на Круз беше во 2005 година со „Војна на световите“, кој забележа заработка од 64 милиони долари на отворањето.