Нова пресметката меѓу водечките играчи во „белиот спорт“ Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, вечерва (20.45 ч.) ќе има на теренот „Филип Шартрие“ во Париз во рамките од четвртфиналето на тенискиот гренд слем „Ролан Гарос“. Лошата позиција на АТП ранкингот поради неиграњето на Надал, ја одреди оваа пресметка во раната фаза, а не во самата завршница на турнирот во Париз.
Првиот светски рекет, Србионот Ѓоковиќ атакува на првиот гренд слем трофеј оваа година, додека најтрофејниот на црвеницата во Париз, Надал ќе ја брани честа на овој турнир. Шпанецот е „крал“ на Ролан Гарос со рекордни тринаесет титули.
Досега овие два ривали на „Ролан Гарос“ се среќавале девет пати, а седум победи има Надал. Актуелниот победник на „Ролан Гарос“ Ѓоковиќ го совлада Надал минатат сезона во четири сета и се пласираше во финалето, а потоа и го освои трофејот.