Во планинска туристичка дестинација во Виетнам свечено беше отворен пешачки мост со стаклено дно на висина од 150 метри, долг 632 метри, еден од најдолгите во светот.
Висечкиот мост Бах Лонг, што во превод значи „Бел змеј“, се наоѓа во провинцијата Сон Ла, северозападно од главниот град Ханој и се граничи со Лаос.
Vietnam’s new Bach Long pedestrian bridge could be the world’s longest glass-bottomed bridge ???????? pic.twitter.com/gyf1EVn366
— Al Jazeera English (@AJEnglish) May 29, 2022
Според Гинисовата книга на рекорди, најдолгиот стаклен мост во светот е структура во Гуангдонг, Кина, долга 526 метри. Сепак, Здружението за светски рекорди, исто така тело за сертификација на рекорди, на својата страница дводелниот виетнамски мост го нарекува најдолгиот во светот со 632 метри.
Неговата специфичност е што должината помеѓу двата врва од двете страни на клисурата е 290 метри, а на карпите има дополнителни 342 метри патеки.