Најдобрата македонска машка одбојкарска репрезентација со жрепка ги дозна противниците на Медитеранските игри во Оран, Алжир, кои ќе бидат одржани од 25 јуни до 5 јули 2022 година. Одбојкарите се наоѓаат во групата „А“ во која ќе ќе играат со реномирани репрезентации, Италија и Египет.
Во групата „Б“ се репрезентациите на Грција, Франција, Турција и домаќинот Алжир, а во групата „Ц“ Шпанија, Србија, Хрватска и Тунис.
И одбојкарките ќе бидат дел од настанот во Оран, а тие ќе играт во групата Б со селекциите на Грција, Тунис и Египет.
Во групата „А“ се наоѓаат Хрватска, Србија, Франција, а во групата „Ц“ се Турција, Шпанија, Алжир и Италија.