Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ приреди изненадување на тенискиот гренд-слем турнир Ролан Гарос, со елиминацијата на Русиноит Данил Медведев во осминафиналето победувајќи го со 3-0 во сетови (6:1, 6:3, 6:2).
Со овој триумф Чилиќ му го спаси првото место на Србионот Новак Ѓоковиќ на АТП-листата кое му беше загрозено токму од Медведев. Хрватот по дуелот со Медведев се пошегува дека од Ѓоковиќ не бара многу за возврат, туку една пијачка, бидејќи му помогна да остане на на врвот од АТП-листата.
-Треба да ме почести едно кафе или пиво, се пошегува Чилиќ.
Чилиќ во четвртфиналето ќе игра против Андреј Рубљев, додека Ѓоковиќ вечерва игра против Рафаел Надал.