Германскиот канцелар Шолц согласен за испораката на модерен систем за противвоздушна одбрана за Украина

Германија ќе и испорача на Украина модерен систем за противвоздушна одбрана, вклучувајќи радарски систем способен за откривање артилерија, изјави канцеларот Олаф Шолц во вчерашното обраќање пред Бундестагот.

Целта на германската Влада е да се погрижи рускиот претседател Владимир Путин „да не победи” во војната што ја започна во Украина, рече Шолц за време на расправата во Парламентот посветена на буџетот.

„Нашата цел е Украина да може да се одбрани и да успее во тоа”, рече тој.

Согласноста на Берлин да испорача антиракетен и радарски систем за рано предупредување доаѓа по силните критики во земјата и од странство упатени на адреса на Шолц поради одбивањето на Германија да ја снабди Украина со посовремена воена опрема неопходна за одбивање на нападите на руската армија.

Треба да знаете
Последни објави