Израелските војници на Западниот брег убиле Палестинка која се заканувала со нож

На Западниот брег денеска е убиена Палестинка која со нож му се заканувала на израелски војник, соопшти армијата.

Во соопштението на израелската војска се наведува дека „напаѓач вооружен со нож тргнал кон припадник на израелските одбранбени сили, кој вршел рутински безбедносни активности” и дека „војниците одговориле со огнено оружје”.

Болницата во блискиот палестински град Хеброн ја потврди смртта на 31-годишната жена, за која Клубот на палестинските затвореници соопшти дека претходно годинава кусо време била во израелски затвор, пренесуваат британските медиуми.

Во последните недели дојде до интензивирање на израелско-палестинското насилство, со речиси секојдневни рации и апсења во областите под палестинска управа на Западниот Брег и немири околу Ридот на храмот во Ерусалим, свето место за христијаните, муслиманите и Евреите, вклучително и смртоносните палестински напади во самиот Израел.

Треба да знаете
Последни објави