Путин: Русија ќе ги зајакне својата сила и суверенитет во светот

Русија ќе ги зајакне својата сила и суверенитет во светот кој брзо се менува, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин во видеообраќање по повод Меѓународниот ден на детето.

Рускиот лидер упати честитки до учениците, нивните родители и наставници, пренесува агенцијата ТАСС.

„Живеете и растете во многу динамично време кога светот брзо се менува“, рече Путин.

Тој рече дека верува оти Русија ќе ги зајакне својата сила, независност и суверенитет во овој комплициран свет.

Треба да знаете
Последни објави