Боки и Катица остануваат во затвор, Врховен ги потврди казните

Врховниот суд ја потврди пресудата за случајот “Рекет”, односно Катица Јанева и Бојан Јовановски остануваат зад решетки за да ја издржат затворската казна.

-Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 1 јуни 2022 година постапуваше по предметот КВПКОК2бр.19/21, познат во јавноста под името „Рекет“, оформен по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда поднесени од осудените Бојан Јовановски и Катица Јанева и одлучи барањата да ги одбие.

Одбраната пак се надеваше дека Врховниот суд ќе ги увиди грешките на Кривичниот и Апелациониот суд, кои тие ги предочуваат, и барем ќе ги укине пресудите.

Јовановски во јуни 2020 година беше осуден на единствена затворска казна од девет години, а поранешната специјална обвинителка Катица Јанева доби седум години. Во затворската казна им се пресметува времето поминато во притвор. Јовановски е осуден на по пет години затвор за две кривични делa или вкупно десет, или единствена казна од девет години.

Според судот, Боки го искористил познанството со Јанева да влијае врз истрагата против Јордан Камчев, да добие повластен статус во истрагата и да биде ослободен од притвор, а во што влијание имал и Зоран Милески Кичеец. За тоа Боки добил над 1,5 милиони евра од Камчеви, а Јанева од Јовановски добила мебел и 50.000 евра.

Кичеец по брза постапка беше осуден на три години затвор, откако на почетокoт на судењето за „Рекет“ призна дека е виновен, па тој беше издвоен од постапката во која судењето продолжи за Јовановски и Јанева.

Боки 13 пред два месеци беѓе осуден и за предметот „Меѓународен сојуз”, каде обвинети беа и Јасна Ерцеговиќ,Фросина Ременски, асистентката Христина Блажевска и Миле Јовановски.

Судот пресуди девет години затвор единствена казна за Боки за кривичните дела ,,измама” и ,,перење пари” ,

Треба да знаете
Последни објави