Ердоган: Анкара нема да го промени ставот за Финска и Шведска доколку не види конкретни чекори

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција сè уште не добила конкретни предлози за решавање на загриженоста во врска со кандидатурата на Финска и Шведска за НАТО.

Анкара се спротивстави на кандидатурата на двете земји за Алијансата oти ги поддржуваат групите што Турција ги смета за терористи, пренесува „Ројтерс“.

Реџеп Таип Ердоган во парламентот рече дека Турција сака да види искрен пристап на двете нордиски земји во однос на нејзините грижи и истакна дека Анкара нема да го промени својот став доколку не види конкретни и обврзувачки чекори.

Тој додаде дека приговорот на Турција за кандидатурите на Стокхолм и Хелсинки за членство не е опортунизам, туку прашање на национална безбедност.

Треба да знаете
Последни објави