Промоција на „Eтапите на ноќта“ од Милош Латиновиќ

Културно-Информативниот Центар – Скопје, има особена чест и задоволство да ве покани  на  промоција на книгата „Етапите на ноќта” од Милош Латиновиќ, издавач: Слово љубве – буквибукс, на ден 2 јуни 2022 година, со почеток во 19:19 часот, во Салон 19:19

Книгата ќе ја претстави Гордана Јовиќ – Стојковска и Младен Весковиќ, делови од книгата  ќе чита Мирослав Петковиќ.

Романот „Етапите на ноќта” на Милош Латиновиќ ќе нѐ понесе низ чудни времиња, на уште почудни настани и ликови, кои некако вовлекувајќи ни се под кожа, начнуваат прашања за препознавање на ноќта – која и не е всушност само ноќ, туку живот. 

***

 Милош Латиновиќ е роден на 23 септември 1963 година во Кикинда. Завршил факултет за политички науки во Белград. Работел како новинар во весникот „Комуна” и на Радио Кикинда.За новинарската репортажа „Сред поле околу море” објавена во магазинот „Неделен дневник” во 1999 година доби „Гран При” на фестивалот „Интерфер”во Сомбор. Во периодот од 1999 до 2001 година ја извршувал должноста на директор на Народната библиотека „Јован Поповиќ” во Кикинда, а од 2003 до 2008 година бил директор на Народниот театар во Кикинда.

Автор е на шест збирки раскази, осум романи, две книги есеи, две монографии и десетина драмски текстови.          Книгата Раскази на ветровите, по две изданија во Србија е преведена на романски и германски јазик, а Сто дена дожд на бугарски јазик (Персеј Софија), исто така бројни прозни текстови му се преведени на англиски, унгарки, словенечки, словачки, руски и македонски јазик.

Моментално е директор на БИТЕФ театрот.

Фејсбук настан

Треба да знаете
Последни објави