Државниот завод за статистика,во согласност со Програмата за објавување и дисеминација на податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021, во третиот сет на пописниподатоци ги објави податоците кои се однесуваат на: образовните и економските карактеристики на лицата, лицата со попреченост и дел од картактеристиките на живеалиштата и становите.Податоците се објавени во МакСтат базата на податоци, во делот за Попис на населението 2021 на следниот линк:
https://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef
Што ни покажуваат податоците:
- Во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе,според писменоста, регистрирани се 18 897 или 1.2% неписмени лица, од кои 5 517 се мажи и 13 380 се жени.
- Според највисокиот степен на школска подготовка, во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, регистрирани се:23 192 лица или 1.5% без образование, 62 129 лица или 4.1% се со незавршено основно образование, 423456 лица или 27.8% се со основно образование, 672 375 лица или 44.1% се со средно образование, 263 349 лица или 17.3% се со високо образование, 29 654 лица или 1.9% се со магистратура, 6 037 лица или 0,4% се со докторат, а 45 174 лица или 3.0% се со непозната школска подготовка.
- Според полето (видот) на највисокиот степен на школска подготовка, 189 736 лица или 18.7% се од областаИнженерство, производство и градежништво, а само 19 044 лица или 1.9% се од областаИнформатичко-комуникациски технологии.
- Во вкупното резидентно население на возраст од 5 години и повеќе, кои се во процесот на формалното (редовно) образование: 186 570 лица или 10.7% посетуваат основно образование, 80 378 лица или 4.6% се во средното образование,додека93 804 лица или 5.4 % се во високото образование, на магистратура и на докторски студии.
- Вкупното работоспособно население на возраст од 15 години и повеќе изнесува 1 525 366 лица, од кои 717 769 лица се дел од активното население , односно 608 520 лица се вработени,а 109 249 лица се невработени. Бројот на неактивните лица изнесува 768 549.
- Според највисокиот степен на школска подготовка, најмногу невработени, 56 701 лицесе со средно образование од кои 34 313 се мажи и 22 388 се жени.
- Според дејноста,најмногу вработени, 123 347 лица , има во Преработувачката индустрија од кои 65 751 се мажи и 57 596 се жени.
- Во вкупното резидентно население, бројот на издржуваните лица изнесува 450 766.
- Во вкупното резидентно население бројот на лицата со попреченост изнесува 94 412 и тоа: 8% на возраст од 0 до 14 години, 43.5% на возраст од 15 до 64 години и 54.8% на возраст од 65 и повеќе.
- Според видот на попреченоста, најголемо учество од 8% или 38 499 имаат лицата со потешкотии со движењето.
- Од вкупно 839 174 станови, 531 987 станови или 63.4% се населени, а 307 187 станови или 36.6%се ненаселени.