Борел: Поддршката на ЕУ за Украина не забави

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Џосеф Борел денеска изјави дека поддршката на Европската унија за Украина не е забавена и најави дека воената помош за Киев ќе продолжи. Во изјава за Би-Би-Си, Борел, на прашањето „за стравувањата што некои Украинци изразија дека европската поддршка е забавена во последните недели“, рече дека не го дели тоа мислење и дека последниот пакет санкции против Москва го потврдува неговиот став.

„Го забранивме увозот на руска нафта. Повеќе од 90 отсто ќе биде запрен. И ќе продолжиме да даваме воена поддршка. Не го игнорирајте фактот дека намаливме 90 отсто од приходите од нафтата на Русија“, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешни работи.

Борел зборуваше и за натамошното снабдување со оружје на Киев и рече дека нема никакви проблеми на тој план.

„Протокот на оружје што оди во Украина продолжува со голема брзина. Можеме да го зголемиме ова, сè може да се зголеми, но не гледам никаков проблем со снабдувањето со оружје за Украина“, рече Борел, пренесе Би-би-си.

Треба да знаете
Последни објави