Владата ги пљачка граѓаните, веднаш да се прифатат предлозите на АА

Интегрален текст од прес конференција на Елми Азири, пратеник на Алијанса за Албанците

Податоците покажуваат дека пред примената на антикризните мерки (12.03.2022) за промена на процентот на пресметка на ДДВ на нафтените деривати од 18% на 10%, приходите за даночниците во земјава биле во износ од 37,46 денари, значи повторуваме пред спроведување на антикризните мерки, додека од денеска овие приходи се во износ од 39,24 денари, така што во државната каса од денеска ќе се инкасираат повеќе 1,78 денари за секој литар продаден гориво во пунктовите на малопродажба на нафтени деривати. Во ова време на криза да се размислува за ограбување и изнудување на граѓаните, само тоталитарната и неодговорна власт може да ги осмисли и спроведе овие мерки.

Доколку се споредат овие податоци од датумот на укинувањето на антикризните мерки (31.05.2022) со денешната цена на нафтените деривати, во државната каса ќе се соберат повеќе 9,44 денари за секој продаден литар гориво на пунктови на малопродажба на нафтени деривати.

Итно оваа влада мора да ги прифати предлозите на АА објавени во јавноста од времето пред примената на антикризните мерки, а тие мерки се, намалување на ДДВ од 18% на 5%, намалување на акцизата за бензинот од 22,00 денари на 15 денари, а за дизелот од 15,50 на 9,00 денари, како и намалување на маржата за тргување и складирање од страна на малопродажните оператори по фиксна вредност од 3 денари. Доколку се применат овие мерки, цената на бензинот Еуросупер БС-98 ќе биде 85,50 денари, а Еуродизелот 75,50 денари. Додека во случај кога на светските берзи цената на нафтените деривати продолжува бесконечно да расте, за вредноста на ДДВ предлагаме да се примени максимална фиксна парична мерка за заштита од енормното поскапување на горивата.
Поради спроведување на антикризни мерки, во многу земји членки на ЕУ граѓаните денес плаќаат поевтина цена за нафтените деривати од граѓаните на РМВ, поконкретно во Бугарија, Кипар, Унгарија, Малта, Полска, Романија и Словенија, односно почитувани граѓани, плаќаме повисоки цени за нафтени деривати од повеќе земји од Европската Унија, каде што просечните плати во споредба со просечната плата во РСМ се 4-6 пати повисоки!

Тука нема простор за коментар, оваа власт ја загуби логиката и е крајно неодговорна.
Крајно време е оваа Влада да ги прифати предлозите на АА, бидејќи економската криза и сиромаштијата седнале со вкрстени нозе во многу семејства на РСМ.

Треба да знаете
Последни објави