Уставен нема да ја оценува законитоста на член 171 од Колективниот договор на МВР

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната  седница денеска ја известува јавноста дека расправаше по четири предмети и одлучи да:

1. Реферат У.бр.2/2022- не поведе постапка за оценување на уставноста на член 3 став 1 алинеја 3, член 4, член 12 став 3, член 13 став 1, член 16 став 5 и член 39 став 1 алинеја 4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Подносител: Иван Лотески од Охрид

2.Реферат У.бр.45/2021-не поведе постапка за оценување на уставноста на член 63 од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам.

Оспорен: Член 63 од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам

Подносител: Александар Бежовски, адвокат од Скопје

3.Реферат У.бр.7/2022- да ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на законитоста на член 171 став 3 од Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи.

Подносител: Нехат Лужа од Скопје

4. Реферат У.бр.16/2022- ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 9 став 2, 3, 4, 5 и 6 од Правилникот за членување, права и обврски за членот и престанување на членството во Македонскиот полициски синдикат од 06.03.2020 година.

Подносител: Нехат Лужа од Скопје

Дел од наводите во иницијативите кои денеска беа на дневен ред : http://ustavensud.mk/?p=22299

Треба да знаете
Последни објави