Беса: ДУИ да каже на граѓаните колку ќе чини мега концертот во услови на економска криза

Албанскиот политички субјект кој 20-годишнината од основањето ќе ја прослави со мега концерт со албански естрадни пејачи ќе ги чини илјадници евра. Нивна обврска како политичка партија е да им покажат на граѓаните колку пари ќе ги платат пејачите во оваа глобална криза и енормно високи цени.

ДУИ да биде транспарентна за сите детали за овој мега концерт од илјадници евра.

Овој политички субјект наместо да ги насочи своите пари за ублажување на кризата кај граѓаните, тие ги користат за забави, знаејќи дека повеќето немаат пари ни за вреќа брашно. Движењето БЕСА итно бара одржување на предвремени парламентарни избори и рушење на оваа власт која цели само кон криминал, корупција и богатење на некои поединци на сметка на граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави