Песков: Испораката на оружје ќе ѝ донесе на Украина повеќе страдања

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека испораките на оружје за Украина не ги менуваат параметрите на руската специјална операција во таа земја.

Песков оценува дека употребата на тоа оружје против Русија само ќе ја влоши ситуацијата и ќе донесе повеќе страдања за самата Украина.

„ Ваквото надувување на Украина со оружје секој пат не ги менува сите параметри на специјалната воена операција. Но, едноставно ќе и нанесе уште повеќе страдања на Украина, која е едноставно алатка во рацете на оние земји кои ја снабдуваат со оружје“, рече Песков, пренесува РИА Новости.

Тој изјави дека населението на самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск треба само да одлучи дали ќе организира референдум за приклучување кон Русија.

„ Во овие услови приоритет е да се обезбеди безбедноста на републиките“, рече Песков.

Треба да знаете
Последни објави