За потребите на работниците Дрисла набави два монтажно/демонтажни деловни објекти

ЈП депонија Дрисла Скопје продолжува со инвестирање во самото претпријатие со цел осовременување на депонијата и обезбедување подобри услови за работа на вработените.
За таа цел спроведена е постапка за јавна набавка на стоки со која се обезбедени два нови монтажно/демонтажни деловни објекти (контејнери) за потребите на работниците.
Контејнерите имаат по две простории целосно опремени со мебел и клими и ќе се користат за извршување на тековните активности на работниците од одделението за депонирање, одделението за механизација и одделението за обезбедување во ЈП депонија Дрисла Скопје.
Треба да знаете
Последни објави