Конашенков: Повеќето платеници во Украина се елиминирани

Портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков, изјави дека повеќето платеници во Украина се елиминирани во борбената зона поради нискиот степен на обука и недостигот на искуство.

„Стотици украински платеници во Украина беа убиени со проектили со голем дострел веднаш штом пристигнаа во воените полигони и единици за обука. Сепак, повеќето беа убиени во борба поради слабата обука. Команданти на единиците на вооружените сили на Украина и Националната гарда, во чиј состав имало платеници, во обид да ги намалат загубите на својата армија, не ги штеделе странците“, рече Конашенков, а пренесува „Спутник“.

Тој изјави дека бројот на странски платеници во Донбас е намален од 6.600 на 3.500 луѓе, а приливот на странски платеници во Украина практично престанал од почетокот на мај.

Конашенков додаде дека руските воздушно-вселенски сили погодиле 21 позиција на украинската армија, вклучувајќи ги командните центри на баталјоните „Кракен“ и „Азов“ во областа Харков.

Треба да знаете
Последни објави