Мото рок фестивал ќе се одржи во Куманово

Мото рок фест кој го организира кумановскиот мотоклубот „Мечки” ќе се одржи на 11 јуни годинава на спортскиот аеродром Аџитепе, најавија на денешната прес-конференција, организаторите. Кумановци и гостите од државата, регионот, Европа ќе имаат можност да проследат настан на кој ќе се соберат моторџии, да слушаат квалитетна музика. Влезот за посетителите е бесплатен.

– Очекуваме многу луѓе, веќе се најавени од Бугарија, Словенија, Хрватска, Србија да не ја споменувам што тука сме близу и очекуваме огромен број и секој мотоклуб од секој град од Македонија. Голема благодарност до градоначалникот на Општина Куманово кој е и главен покровител на фестивалот, имаме многу голем број пријатели и спонзори кои нè поддржуваат и финансиски и во самата организација, изјави Игор Тимчевски, од мотоклубот „Мечки”.

Настанот почнува во 7 часот утрото и ќе трае до доцните вечерни часови. Ќе настапат кумановците „Radiostage”, „DayOff” од Скопје, „Ареа”. Околу 22 часот ќе настапи „Ван Гог” на полноќ гостите од Будимпешта, tribute бендот на „Guns N’ Roses”. Организаторите најавија дека ќе има цртање, фотосесија и многу други интересни случувања.

– За сите кои ќе пристигнат со своите мотори или автомобили ќе има обезбеден паркинг, но се апелира поради тесниот пат до аеродромот Аџитепе да се обрне голема внимателност и да се слушаат инструкциите на обезбедувањето и полицијата, повика Тимчевски

За наредното издание, освен поддршка од приватни компании и општината и градоначалникот, Мотоклубот се надева на финансиска поддршка и од Министерството за култура.

Треба да знаете
Последни објави