Околу 60.000 станови во Скопје празни, колку дозволи за градби издале градоначалниците за шест месеци

Само еден ден откако Државниот завод за статистика објави дека 59.300 станови во главниот град се празни, Иницијативата О2 објави податоци дека само во пет месеци, од ноември до март годинава, откако новите градоначалници на скопките општии седнаа во фотелјите потпишале вкупно 355 доволи за градби, со вкупно 1.989 станови.

Нивните претходници пак, последниот месец пред да ја напуштата функцијата, во октомври, потпишале 275 дозволи за градби со 1.738 стана во нив. Најмногу дозволи за градба во тој еден месец потпишал тогашниот градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Наумовски, дури 160 со 1268 стана.

Од новите градоначалници во првите пет месеци од мандатот најмногу одобренија потпишал градоначаникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, дури 112, за вкупно 382 стана. Двојно помалку одобренија за градба издал неговиот колега од Аеродром, Тимчо Муцунски – 50, но двојно повеќе станови од оние што ќе се изградат во Карпош. Аеродром ќе добие нови 792 стана. Инаку во Карпош, според пописот од септември минатата година, има 10.000 празни станови, додека во Аеродром ненаселени се повеќе 8.500 стана.

Треба да знаете
Последни објави