Азири: Државата профитира од цената на нафтата, граѓаните се пљачкаат и осиромашуваат

Пратеникот на Алијанса за Албанците, Елми Азири изјави дека досега неколку пати дале конкретни предлози со цел да ги заштити потрошувачите во овие времиња на енергетска криза.

-Всушност, предложивме намалување на ДДВ од 18% на 5%, намалување на акцизата за бензините од 22,00 денари на 15,00 денари и за дизелот од 15,50 денари на 9,00 денари, како и намалување на трговската маржа на фиксна вредност не поголема од 3,00 ден. Но, оваа влада не ги зема предвид овие предлози и сугестии на АА и понуди делумни мерки кои од 01.06.2022 година ги отстрани и истите иако беа делумни повеќе не се применуваат.
Друг предлог на АА кој е предложен и не е разгледан од оваа влада е оној во време кога цените на нафтените деривати на светските берзи се високи, знаејќи дека една од главните компоненти за формирање на цената на тргувањето на нафтените деривати се цената на овој енергенс на светските пазари и курсот на доларот на берзата, АА предложи максимално замрзнување на ДДВ и без разлика како би се движат цените на нафтените деривати на светските пазари, учеството на ДДВ кое потрошувачите би платиле за овие горива треба да се фиксираат на фиксна вредност. Но и оваа мерка оваа влада не ја спроведува и не ја зема предвид, вели Азири.

Тој истовремено прашува дали граѓаните знаат зошто оваа влада не ги спроведува овие предлози?

-Од анализата што ја направивме, споредени се цените на нафтените деривати од 28.02.2022 година и оние кои се актуелни денес на 03.06.2022 година. Акцентот го ставивме на данокот на додадена вредност (ДДВ) кој на 28.02.2022 година е во износ од 18%, а исто така на 03.06.2022 година е во износ од 18%, така што во процентот нема промена истото важи данокот стапка во износ од 18%. Од табелите може да се види дека на 28.02.2022 година за бензинското гориво на име ДДВ за секој продаден литар бензин државата инкасирала 13,02 денари додека денес на 03.06.2022 година за секој продаден литар бензин државата инкасира 16,59 денари, односно државата за секој продаден литар бензин денеска инкасира 3,57 денари повеќе од 28.02.2022 година, додека за литар дизел денеска на 03.06.2022 државата инкасира 15,14 денари додека на 28.02.2022 година наплатува 11,53 денари, значи државата инкасира 3,62 денари повеќе за секој продаден литар бензин денеска. Овде нема простор за коментар! Нема влада во светот, дури и во најтоталитарните земји, која во ова време на енергетска криза, државата применува мерки за да го полни државниот буџет, а своите граѓани да ги плачла и да ги втурне во крајна сиромаштија, рече Азири.

Треба да знаете
Последни објави