Во Мексико уапсен сериски убиец и силувач, на жртвите им ветувал работа преку Фејсбук

Властите во Мексико уапсија маж осомничен дека намамил најмалку седум девојки со понуди за работа преку Интернет, кои прво ги злоставувал, а потоа ги убивал.

На снимката од надзорните камери може да се види дека споменатиот маж се среќавал со жртвите на јавни места, а на едно од видео снимките може да се види како заминува со една од нив додека се вози на мотор.

-Полицијата се сомнева дека тој е поврзан со убиствата на најмалку седум жени, изјави помошникот секретар за јавна безбедност Рикардо Меја.

Последен во низата сомнителни случаи е убиството на 31-годишна девојка на која и се губи секаква трага откако отишла на состанок за нова работа.

-Вирџинија Морено ја напуштила куќата во Веракруз и отишла во хотелот „Биенвенидо“ за да се сретне со личноста која и понудила работа преку Фејсбук, по што таа едноставно исчезнала, вели Меија.

Нејзиниот случај предизвика големо внимание во Мексико, особено откако нејзините роднини протестираа поради нејзиното исчезнување. Нејзиното тело кое било во непрепознатлива состојба било пронајдено неколку дена подоцна, а полицијата ја идентификувала оваа девојка преку лична карта пронајдена во близина на местото каде што лежело нејзиното тело, како и ДНК анализа.

Обвинителите, исто така, соопштија дека човекот е поврзан со убиството на 22-годишна студентка која барала работа во април. На крајот на март наводно ја намамил девојката да се сретне со него во кафуле, а потоа ја однел во берберница каде најверојатно била убиена.

Три дена подоцна, полицијата го пронашла нејзиното тело.

– Жртвата била тепана, сексуално злоставувана, а потоа задавена, соопшти полицијата.

Она што го привлече вниманието на многумина е фактот што убиецот одбрал да се среќава со девојките на јавно место пред голем број луѓе, како и тоа што успеал да ги убеди доброволно да одат со него, очигледно убеден дека им нудел работа.

Обвинителите рекоа дека ги пронашле телата на различни места и дека повеќето од нив биле завиткани во пластични кеси. Тој, исто така, користел псевдоними, а од 2012 година се наоѓа на бараната листа поради обвинение за силување.

Тој е уапсен заедно со уште една девојка за која се верува дека е негов соучесник.

Мексиканските власти вчера соопштија дека успеале да спасат две девојчиња на возраст од 13 и 14 години, кои биле намамени со понуди за работа, а кои биле пронајдени на автобуската станица со маж кој се обидел да ги киднапира.

Познато е дека нарко-картелите во Мексико им нудат работа на девојчињата и дека често користат различни сајтови и социјални мрежи како платформа за нивно објавување.

Треба да знаете
Последни објави