Данскиот тенисер Холер Руне кој во четвртфиналето на Ролан Гарос изгуби од Каспер Руд со 3:1 во сетови го привлече внимание на спортската јавност со скандалозното однесување кон мајка му. Данските медиуми пишуваат дека тенисерот, роден во 2003 година, шпостојано б ил следен од мајка му, но на Ролан Гарос во еден момент во текот на играта тој се скарал со неа и тоа предизвика негативни коментари на социјалните мрежи.Јавноста жестоко го осуди неговото однесување.
Во еден момент Руне седна на клупата, а потоа се сврти кон мајка му и почна да и вика:
„Оди си ако не можеш да ми помогнеш. Оди си!“
Анеке Руне, мајката на 19-годшниот тенисер, веднаш го напуштила мечот. Младиот тенисер се правдаше дека целата ситуација била погрешно толкувана и дека сега не сака коментари, туку му е потребен само мир.