Во Атина се одржува тридневното Генерално собрание на Еврпоската мрежа на совети за правосудство на Европа (ENCJ) на кое за прв пат учевствува и Северна Македонија како набљудувач. Оваа година тема на собранието е правосудната солидарност во време на кризи. Високи личности од сферата на правосудството од цела Европа ги изложија резултатите од истражувањата, како и решенијата за унапредување на независноста, отчетноста и квалитетот на правосудството.
Нашата држава е преставена од претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска и членот на советот, Миљазим Мустафа, кои имаат активно учевство на годинешното Генерално собрание на ENCJ.
Деновиве во Атина, на настанот беа изложени и резултатите од доскорешниот Правен форум за дигитализација на правосудните системи при што беа споделени искустгва од авансирање на ИТ технологијата и нејзината употреба во сферата на правосудството со цел подобрување на судските перформанси, односно олеснување на патот кон правдата за граѓаните.
На собирот, Црвенковска и Мустафа остварија средба со претседателот на ENCJ, Филипо Донати кој го поздрави нашето прво учевство и изрази силна подршка за нашата држава за реформскиот процес, дигитализацијата и активностите кои се преземаат од Судскиот совет во правец на создавање на независен, професионален и транспарентен судски систем.
Беше остварена и средба со Димитрос Скалтсунис, претседател на Врховниот правосуден совет за управно право на Грција со кого се споделија искуства, но и се дискутираше за можни решенија за што поефикасно реформирање на судството.
Годишното собрание беше искористено да се остварат и неколку билатерални средби. Со преставниците на Црна Гoра беше дебатирано за Методологијата за квалитативно оценување на судиите која започна со имплементација од страна на Судскиот совет, а се договори наскоро да се реализираат посети со цел да се продлабочи соработката. Со преставниците на Косово беше разгледана можноста за соработка во ИТ технологијата, како и во областа на управното судство. Средба беше остварена и со високите преставници на норвешкото судство на која беше нагласена нивната поддршка за надградба на АКМИС системот, но и се дискутираше и за други проекти важни за унапредување на македонското судство.