Видеото на кое се гледа како жена се качува на ѕидот на бунар за да стигне до водата, го истакна акутниот недостиг на најскапоцениот природен ресурс во неколку области на централната индиска држава Мадја Прадеш, пренесува Би-Би-Си.
Oва видео со голем број прегледи на интернет прикажува жена без соодветна опрема, појас и јаже како се спушта во бунар за да пристапи до водата.
Луѓето во селото Гусија беа принудени да преземат такви екстремни мерки откако бунарите и езерцата пресушија, а неколку други области низ Индија се соочуваат со слична криза, јавува Би-Би-Си.