Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на 6 и 7 јуни ќе престојува во дводневна посета на Србија. Ова го потврди портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
Како што рече, Лавров во Белград ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и со други високи државни функционери.
„Лавров ќе ја посети Србија на 6 и 7 јуни. Тој планира да се сретне со претседателот, министерот за надворешни работи, претседателот на Народното собрание и српскиот патријарх“, рече Захарова на брифингот.
Таа додаде дека теми на разговорите со српските претставници се политичката и економската соработка меѓу Русија и Србија, како и други актуелни прашања од меѓународната политика, пренесе Б92.