Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија, екипата на МЗТ Скопје, со победа го стартуваше финалето во домашното првенство, откако вечерва славеше против Пелистер во СЦ „Јане Сандански“ со 91:76.
Сино-белите првата поопиплива предност ја имаа кон крајот на првиот период (21-15), за во втората четвртина да дојдат и до плус девет (31-22). Клучна за победата, сепак, се покажа серијата 12-0 во третиот дел од мечот кога домаќините дојдоа до највисоките 18 поени предност (74-56).
Војдан Стојановски и Немања Милошевиќ беа најефикасни во МЗТ со по 17 поени, на кои додадоа седум асистенции односно осум скока.
В недела серијата продолжува во Битола,а третата средба е закажана за во вторник (7 јуни) повторно во „Јане Сандански“.