СДСМ во немоќ и очај се обидува да спинува документи на ЕПП, со цел да ги прикрие неуспесите на нивната дипломатија поради која македонските евроинтеграции се во ќор сокак.Во делот фокусиран на Македонија, меѓу другото, највисокото политичко тело на Европската народна партија изрази сериозни грижи за злоупотребата на институциите за да се нападнат опозициските партии, групи и поединци. Партијата истакна дека во Македонија е потребно да се воспостави одговорен систем каде што судските служби се деполитизирани, а предметите се судат врз основа на објективни факти наместо политички интереси на разни групи.
Во делот на реформите во Македонија, Политичкото собрание укажа дека декларативните изјави на тие кое се на власт не може да заменат искрени и транспарентни реформи.
Ставот на ВМРО-ДПМНЕ беше јасно кажан и на Конгресот на ЕПП, дека Македонија заслужува итно отпочнување на преговорите и дека не треба да се задираат идентитетски прашања.
СДСМ поради кусогледост и болна амбициозност на нејзината врхушка им удоволи на оние кои го негираат македонскиот идентитет. Наместо за европски и демократски вредности, СДСМ ги стави во договорната рамка историските и идентитетските прашања, кои сега се камен околу вратот на државата.
ВМРО-ДПМНЕ, како и граѓаните во Македонија, јасно се противи и ќе се противи на секој ваквите анахрони, недемократски и неевропски да бидат услов на македонската интеграција во ЕУ.