СДСМ се дебакл за енергетиката, џабе им се сите лаги, со Мицкоски не можат да се споредуваат

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

СДСМ е дебакл за енергетиката, а со придонесот на претседателот Мицкоски за енергетиката не можат да се споредуваат воопшто.

Како советник и подоцна како директор на АД ЕЛЕМ, претседателот Христијан Мицкоски два пати ја намалува цената на струјата.

Во време кога претседателот Мицкоски е директор, се распишува оглас за набавка на механизација за потребите на РЕК, кој по смената на власта СДСМ го поништува, и не се набавуваат машините, за да може да распипуваат тендери и да најмуваат механизација и камиони за транспорт, а врвот на власта да зема аванта.

Претседателот Мицкоски во текот на неговиот мандат направи ремонти на два блока, а за третиот, за кој беше готова постапката не се реализира затоа што се смени власта, и дојде СДСМ, а парите наместо за капитални инвестиции се пренаменија во ставките за најмување камиони, па влегоа фирми со камиони со струмички таблици да го ограбуваат РЕК.

Во време на директорувањето на претседателот Мицкоски два пати е исплатен К 15 кон вработените, а платите во договор со синдикатот за прв пат беа покачени.

АД ЕЛЕМ од страна на претседателот Мицкоски е оставен со 0 денари долгови, и 25 милиони евра депозити во банки, 6 милиони евра на сметка, со платени јулски плати и обврски.

А, што се однесува на увозот на струја во јануари 2017 година, станува збор за лага од светски размери. Бидејќи тогаш струјата која се увезе беше пониска од берзанската. Но во исто време работеа и сите блокови во РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј, како и сите хидроцентрали, и струја се произведуваше повеќе од сега.

Треба да знаете
Последни објави