Стручна работилница за подобрување на пристапот до правда во Северна Македонија

Здружението на судиите на Република Северна Македонија во соработка со Правниот факултет во Загреб и Хрватската фондација за наука, денеска организира стручна работилница на тема „Етаблирање на Innocence Projects” и правните клиники како позитивни модели за подобрување на пристапот до правдата во Северна Македонија”.

Работилницата е во рамки на проектот „Projekt nedužnosti u Hrvatskoj”, а ќе се одржи во свечената сала при Здружението на судиите на Северна Македонија.

На работилницата ќе се обратат Џемали Саити – судија на Врховен суд и претседател на Здружението на судиите на Република Северна Македонија, Луција Сокановиќ – доцент на факултет во Сплит и член на проектниот истражувачки тим и Нивес Тигањ – амбасадорка на Република Хрватска во Република Северна Македонија.

Треба да знаете
Последни објави