Детската амбасада Меѓаши – програма за мировно образование, денеска организара форум театарската претстава „Образованието е (при)сила – Образованието е (не)моќ, на која група професорки и професори ќе говорат за мобингот во училиштата, социјалното исклучување, злоупотребата на службената положба, партизацијата и партиските привилегии.
Форум тетарот/театарот на угнетените е креативна форма на партиципативен театар кој создава можности за дискусија на теми што може да се карактеризираат како емоционално набиени и дава простор за креативно решавање и поинакво видување на проблемите.
Темите што се разработуваат се од реалниот живот и пракса и се претставени преку куси етиди/пиеси по кои следува интеракција со публиката. На претстојниот форум тетатар ќе бидат прикажани две куси етиди.
На настанот е предвидено да присуствуваат и претставници од повеќе училишта, политички партии, синдикални организации, државни институции и невладини организации.