Шолц на 11-ти јуни во Скопје

Германскиот канцелар Олаф Шолц на 11 јуни ќе допатува во неколкучасовна посета на Скопје, во рамки на неговата посета на неколку дестинации на Западниот Балкан. Тој во македонската престолнина ќе пристигне од Солун, каде, на покана на грчкиот премиер Мицитакис, на 10 јуни ќе учествува на Самитот за соработка во Југоисточна Европа.

Посетата на Шолц на Скопје и на Софија е во пресрет на состанокот на Европскиот совет на 23 јуни, кога е предвидено одржување и на одделен Самит со шефовите на држави и влади од земјите на Западниот Балкан.

Шолц пред една недела најави оти ќе посети неколку земји во регионот, кога пред Бундестагот порача дека интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија (ЕУ) е прашање на кредибилитет и стратешки интерес. Пред пратениците зборуваше и за обврските кои членките на Унијата ги презедоа кон државите од Западен Балкан и ветувањето за нивно полноправно членство.

Треба да знаете
Последни објави