На прес-конференцијата на Садио Мане во пресрет на дуелот од квалификациите за пласман на Африканскиот Куп на нации помеѓу неговиот Сенегал и Бенин наместо за оваа средба повеќе се говореше за неговиот престој во Ливерпул и пред се за најавите дека сака да се замине од „Енфилд“.
Самиот фудбалер со својата изјава ги подгреа шпекулациите дека е на излезна врата од таборот на „црвените“.
„Како и сите други и јас сум ги следам коментарите на социјалните мрежи, на кои 70-отсто од Сенегалците пишуваат дека сакаат да го напуштам Ливерпул. Можно е да ги послушам и да го направам то што го сакат, но ќе видиме наскоро. Не се брзам“, изјави Мане.
Искусниот 30-годишен напаѓач има договор со Ливерпул до крајот на следната сезона, откако помина шест години во клубот од „Енфилд“. Тој повеќе пати има напоменато дека е подготвен за нов предизвик, нешто што го чека Баерн Минхен, кој е фаворит за неговиот потпис.