Напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку сака да се врати во Интер, објави „The Telegraph”.
Според британскиот весник, 29-годишниот Белгиец не планира да остане во лондонскиот клуб по лошата сезона.
Се истакнува дека доколку дојде до трансфер на напаѓачот во миланскиот клуб, тогаш првично тоа ќе биде позајмица со опција за откуп на договорот.
Во исто време, Челзи ќе го пушти Лукаку доколку добие прифатлива понуда – околу 20 милиони фунти за една година позајмица. Самиот играч ќе мора да прифати намалување на платата.
Да потсетиме, Белгиецот дојде во Челзи од Интер на 12 август 2021 година за 97,5 милиони фунти.
Лукаку минатата сезона за лондончани во сите натпреварувања постигна 15 гола и имаше две асистенции на 44 натпревари. Договорот на напаѓачот со клубот е до 30 јуни 2026 година.