Пред неколку дена, медиумите од Шпанија пренесоа дека врската помеѓу Пике и Шакира е на тенок мраз откако колумбиската пејачка го фатила дефанзивецот на Барселона со друга девојка.
Официјалната агенција која ги застапува правата на Шакира излезе со кратко соопштение во јавнсота, во кое се потврдува информацијата дека двојката се разделува после 12 години минати заедно.
– Жалиме што мора да потврдиме дека се разделуваме со Пике. За доброто на нашите деца, кои се наш приоритет, ве молиме да ја почитувате нашата приватност. Ви благодариме за разбирањете, – гласи објавата.
Колумбијата преброди неколку кризи со фудбалерот на Барселона, но според „жолтиот печат“ во Шпанија, не можела да мине после последното неверство од страна на стоперот.
Овие гласини се уште не се потврдени, но затоа сигурно е дека двојката се разделува и најверојатно ќе се води судска парница за тоа кој ќе има старателство над двете деца Милан и Саша.
Засега е демантирано дека Пие бил во врка со мајката на соигрчот Гави.
Медиумите од Шпанија претходно пренесоа дека Жерард Пике со недели живее сам во својот стан и често се забавува до раните утрински часови со соиграчот Рики Пуџ во неколку познати ноќни клубови во Барселона и често може да се види во друштво со девојки.