(Видео) Боксер почна да упатува удари во празно пред да биде мечот прекинат !

Видео-снимки од боксерскиот меч одржан во Јужна Африка само потврдуваат колку овој спорт може да биде опасен по животот на оние кои се одлучиле да се занимаваат со оваа племенита вештина. Боксер во рингот е толку дезориентиран што почнува да упатува удари кон имагинарен противник.

Симисо Бутелези, кој беше непоразен пред мечот со Сифесиле Мнтунгва за ВБФ африканската титула во средна категорија, на мечот во Дурбан изгледаше дека ја има контролата кога во 10. рунда го прати противникот низ јажињата во нокдаун. Но, додека Мнтунгва успеа да се соземе додедка судијата му одбројуваше, Бутелези очигледно се „загуби“ и почна да упатува удари во возух, пред судијата да го прекине мечот.

Бутулези на крајот заврши во болница и јужноафриканските медиуми тврдат дека ќе остане таму неколку дена.

Треба да знаете
Последни објави