Ди Марија би сакал да ја продолжи кариерата во Барселона

Аргентинскиот фудбалер Анхел Ди Марија би сакал да ја продолжи кариерата во Барселона. Тој чека понуда од шпанскиот клуб, објави „Мундо Депортиво”.

Триесет и четиригодишниот играч од средниот ред би сакал да ја продолжи кариерата во каталонскиот тим, иако претходно имаше договор со Јувентус.

Во моментов Аргентинецот е слободен на трансфер пазарот, бидејќи му истече договорот со Пари Сен-Жермен.

Анхел Ди Марија минатата сезона одигра 26 првенствени натпревари, постигнувајќи пет гола и седум асистенции.

Треба да знаете
Последни објави