Напаѓачот на Манчестер Јунајтед постигна два гола во овој триумф и тоа во само четири минути, со оглед што првиот пат ја затресе мрежата во 35. минута, а вториот пат во 39. минута. Втората реализација предизвика емотивна реакција на неговата мајка Долорес дос Сантос Авеиро (67), која во тој момент почна неконтролирано да плаче и ѝ требаше долго време за да се смири.
¡Qué momento! La emoción de la madre de @Cristiano con el doblete con Portugal 🇵🇹 contra Suiza 🇨🇭 pic.twitter.com/naqJ0mJd73
— Luis Omar Tapia (@LuisOmarTapia) June 5, 2022
Роналдо беше на чекор до хет-трик, со оглед што му беше поништен третиот погодок на стартот од второто полувреме.



