Немилите сцени на разигрувањето за шампионската титула во регионалната кошаркарска АВА лига меѓу лутите ривали Црвена звезда и Партизан продолжија и за време на мајстроката која треба да го даде првакот за сезонава и јучесникот во Евролигата од ова натпреаврување. Грдите слики кои ги режираат навивачите на двете екипи речиси на секој натпревар во финалната серија кој прв до три победи, по четири меча е 2:2, во решавачкиот дуел кој се игра во салата „Пионир“ почнаа пред мечот, а продолжија и за време на истиот поради што средбата е во прекин. Нападнати се судиите со тврди предмети од навивачите на Ц.звезда па мораше да реагира и обезбедувањето. Резултатот при прекинот е 39-39 пред стартот на вториот дел.
Судиите бараат да се испразни целата сала па да се доигра натпреаврот.



