Роналдо со два гола за четири минути ја расплака својата – мајка (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Португалија дојде до убедлива победа во вчерашната пресметка против Швајцарија (4-0) во меч од 2. коло од Лигата на нации, во кој блескаше легендарниот Кристијано Роналдо.

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед постигна два гола во овој триумф и тоа во само четири минути, со оглед што првиот пат ја затресе мрежата во 35. минута, а вториот пат во 39. минута. Втората реализација предизвика емотивна реакција на неговата мајка Долорес дос Сантос Авеиро (67), која во тој момент почна неконтролирано да плаче и ѝ требаше долго време за да се смири.

Роналдо беше на чекор до хет-трик, со оглед што му беше поништен третиот погодок на стартот од второто полувреме.

Треба да знаете
Последни објави