Памела Андерсон ги поздрави фановите со широка насмевка по нејзиниот настап како Рокси Харт во мјузиклот „Чикаго“. Таа беше фотографирана додека го напушта театарот „Амбасадор“ во Њујорк Сити во неделата навечер, по завршувањето на нејзината последна изведба во мјузиклот .
54-годишната актерка изгледа многу помладо за својата возраст во лелеав и деколтиран бел фустан, а таблоидите коментираат дека изгледа прекрасно и се чини дека не старее. Во рацете носи букет бели рози додека излегува од театарот и влегува во автомобил што ја чека, опкружена со десетици фанови.
Во неделата таа финишираше со своите нејзините настапи како Рокси Харт во долгогодишниот мјузикл.
Пред неа, Рокси Харт ја глумеа Брук Шилдс, Ешли Симпсон, Лиза Рајан, Ерика Џејн, Кристи Бринкли, Мелани Грифит и Рене Зелвегер, пишува „Дејли мејл“.