Лазаров: Останувам во ракометот, останувам селектор…

Кирил Лазаров денеска со емотивно писмо ги извести ракометните фанови дека по 25 години стана крај на играчката кариера.

Потоа најдобриот македонски ракометар на сите времиња одржа прес-конференција во Нант на кој истакна дека доаѓањето во францускиот тим беше вистински избор.

– Нант е моја одлична одлука. Претходно играв во големи клубови, но се одлучив за Нант и не погрешив. Играв двапати на Фајнал-фор турнирот и Европа го запозна клубот. Француската лига е најтешка за играње и има најголема конкуренција. Се навикнав на клубот и на француската култура. Сепак, на мојата приказна дојде на крајот. Ова беше тешка, но очекувана одлука. Благодарност до претседателот, играчите, капитените, навивачите. Нант ја има најдобрата публика во Европа. Овој клуб го извлече најдоброто од мене. Останувам во ракометот, останувам селектор, а во иднина можеби ќе работам и во клуб. Голема желба ми беше да ги освојам француското првенство, единствено тоа ми фали. Исто така жалам за загубеното финале во ЛШ против Монпелје, мислам дека бевме подобра екипа – изјави Лазаров.

Треба да знаете
Последни објави