Актуелниот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром го совлада Пелистер (86:62) и поведе со 2:1 во победи во битката за одбрана на титулата во мак-баскетот. Домашниот терен во СЦ „Јане Сандански“ МЗТ Скопје го искорсити да му зададе тежок удар на гостинот од Битола.
Помалку од една четвртина траеше отпорот на гостите од Битола, кои имаа предност од 16:15, но до крајот на првата четвртина МЗТ Скопје ја стави играта и резултатот под своја контрола. Постојано ја зголемуваа предноста на одмор заминаа со 54:27, а на почетокот од третата четвртина имаа и повеќе од триесет поени (66:30).
Милошевиќ со 23 поени беше најефикасен во тимот на домаќинот, додека кај Пелистер најефикасен беше Холтон со 15 поени. Првата шанса да ја потврди новата титула МЗТ Скопје ќе ја има в четврток во Битола.
Пред крајот на третата четвртина дојде до прекин на натпреварот поради нередот кој го предизвикаа гостинските навивачи па мораше да интервенира и полицијата.