Лазаров се одјави пред навивачите на Нант со три гола

Македонскиот ракометен селектор Кире Лазаров го одигра последниот натпревар за францускиот Нант во домашниот шампионат против Тулуз на кој постигна три гола во победата од 32:18.

Лазаров вчера го најави својот крај на игралката кариера, а денеска се збогуваше од домашната публика. До крајот на сезоната му останува да одигра уште еден меч, и тоа против ПСЖ во Купот на Франција, по што целосно ќе се посвети на селекторската функција.

Нант ја заврши сезоната на втората позиција во француското првенство со 49 бодови, 11 помалку од шампионот ПСЖ.

Треба да знаете
Последни објави