Тоа што се навестуваше во последните неколку дена, денеска се официјализира, Лука Модриќ потпиша нов договор со Реал Мадрид.
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, долго време се двоумеше дали да му понуди нов договор на 36-годишниот Модриќ, но прикажаните игри на Хрватот во завршницата од сезоната во која „кралевите“ триумфираа во Ла Лига и по 14. пат станаа европски шампиони, го натераа да му понуди нов договор.
Капитенот на хрватската репрезентација без двоумење го потпиша едногодишниот договор со што стави крај на шпекулациите за неговото можно заминување во МЛС Лигата.
Лука Модриќ во Реал Мадрид пристигна во 2012 година од Тотенхем и досега настапи на 436 натпревари за Реал Мадрид на кои постигна 31 гол и имаше 73 асистенции.