Македонските одбојкари против Романија ја прекинаа серијата порази

Македонската одбојкарска репрезентација ја прекина црната серија во Сребрената Европска лига, откако вечерва го победи лидерот во групата Романија. По трите порази македонските одбојкари се покажаа во најдобро светло на домашен терен, и ја совладаа Романија (3:1). Македонските одбојкари претрпеа тесен пораз на гостувањето во Романија со 3:2, но вечерва возвратија со подобра игра и се прикажаа во далеку попријатно светло во споредба на последните неколку меча.

Откако го добија првиот сет сом 25:21, македонските одбојкари имаа мал пад и загубија во вториот со 22:25, но потоа ги контролираа случувањата и врзаа два сета во низа.

Во третиот беа најубедливи и славеа со 25:19, додека победата ја осигураа со 25:22 во четвртиот сет.

Победа со максимални 3-0 на БиХ забележаа и Албанците, па сега последната рунда ќе решава која ќе биде втората селекција покрај Романија ќе игра на завршниот турнир во Будимпешта.
На Македонија потребна и е победа на гостувањето кај БиХ, а притоа да се надева на пораз на Албанија на гостувањето кај Романија дуел во кој гостите несмеат да освојат повеќе од еден сет.
Натпреварот меѓу БиХ и Македонија ќе се игра в сабота(16 часот), додека средбата Романија – Албанија е закажана за в недела (16 часот).

По пет одиграни меча, Македонија има седум бода на табелата и е третопласирана.

Треба да знаете
Последни објави