Рита Ора и Таика Ваитити, наводно, се подготвени да се венчаат откако речиси истовремено си го поставија прашањето еден на друг. Според таблоидите, британската пејачка (31) и режисерот оскаровец од Нов Зеланд (46) планираат мала церемонија во странство, пред да прослават со своите колеги од холивудската А-листа со големата забава во Лондон подоцна оваа година.
Разбирливо е дека Рита, која работи на неколку филмови и The Voice Australia, и Таика, кој планира низа филмови, се надеваат дека ќе го врзат јазолот откако ќе завршат нивните работни обврски.
Рита и Таика започнаа љубовна врска во март 2021 година, откако се запознаа во Австралија, а набрзо почна да се шпекулира дека нивнта врска се движи толку брзо што почнале да разговараат за брак, изјави извор за New Idea.
„Таика постојано ја нарекува Рита „женичка“ и зборува за тоа како тој ќе биде нејзиниот прв и последен сопруг“, вели инсајдерот.
Во тоа време, Рита, наводно почнала да се шегува за „брза, хипи-дипи“ церемонија во Калифорнија, а подоцна да слави со голема забава.