Вардарова легенда седнува на клупата кај Работнички

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец, Љупчо Марковски – Калц, е нов тренер на Работнички, потврдија денеска од клубот од Дебар Маало. „Калц“ е легенда на лутиот градски ривал Вардар, за кој одигра 149 средби и постигна девет голови, а две сезони настапуваше за ЦСКА Софија. Тренерската кариера ја почна токму во Работнички како помошник (2008/09), додека првпат самостојно го предводеше Скопје (2009-2014 и 2017-2022) од каде што доаѓа меѓу „романтичарите“.

-Сметаме дека Марковски со својот фудбалски авторитет во Македонија и искуството за работа со млади и талентирани фудбалери, ќе успее да го подигне нивото на тимот на Работнички. Клубот и понатаму останува посветен на продуцирање на македонски играчи кои ќе добиваат шанса за докажување“, изјави претседателот на клубот, Драган Поповски, за официјалниот сајт.

Треба да знаете
Последни објави