Македонската одбојкарска репрезентација ја прекина црната серија во Сребрената Европска лига, откако вечерва го победи лидерот во групата Романија. По трите порази македонските одбојкари се покажаа во најдобро светло на домашен терен, и ја совладаа Романија (3:1). Македонските одбојкари претрпеа тесен пораз на гостувањето во Романија со 3:2, но вечерва возвратија со подобра игра и се прикажаа во далеку попријатно светло во споредба на последните неколку меча.
Откако го добија првиот сет сом 25:21, македонските одбојкари имаа мал пад и загубија во вториот со 22:25, но потоа ги контролираа случувањата и врзаа два сета во низа.
Во третиот беа најубедливи и славеа со 25:19, додека победата ја осигураа со 25:22 во четвртиот сет.
По пет одиграни меча, Македонија има седум бода на табелата и е третопласирана.